Русија во еден ден лансираше 32 сателита

Русија во петокот во орбитата лансираше 32 сателита во првото лансирање годинава од неодамна изградениот космодром Васточни.

Меѓу лансираните сателите се вселенсата сода за следење на временот и екосистемот „Метеор-М“ Но. 2-2“, како и вселенски уреди на САД, Германија и Франција.

Целта на сателитот „Метеор-М“, тежок 2,6 тони, е проучување на темепратурата на океаните, озонската обвивка и топењето на глечерите од орбитата, од околу 850 километри височина, а планираниот период на неговата активност е десет години.

Космодромот Васточни, на Далечниот исток на Русија, околу 8.000 километри од Москва, отворен е пред три години за да се намали зависноста од космодромот Бајконур кој е на територијата на соседен Казахстан. Откако е отворен, беа изведени пет лансирања од Васточни, од кои четири беа успешни, вклучително и последното во петокот.

Руската веселенска агенција Роскосмос соопшти во петокот дека до крајот на јули се планирани вкупно седум лансирања на космички сонди, што е повеќе отколку за целото прво полугодие во 2019 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.