Русин се возел со такси од Виена до Дубровник, па не ја платил сметката

Хрватската полиција уапси маж од Русија кој од Виена до Дубровник се возел со такси, а потоа не ја платил сметката.

Тој на четврти мај користел такси услуга за превоз од Виена до Дубровник, за по доаѓањето во Дубровник, под изговор дека ќе оди до банкомат, da се одалечи во непознат правец не плаќајќи ја сметката. Русинот му останал должен на таксистот 1.000 евра.