Родичев се искачи на наjвисокиот врв во Европа, Елбрус (5.642 метри). Она што е спектакуларно во целиот негов потфат е што Русинот при искачувањето на грб носел тег со тежина од 75 килограми.
Тој се одлучил на ваков потег, со цел да ја разбуди свеста кај луѓето од неговиот град и федерацијата дека не издвојуваат доволно финансии за овој спорт.
Родичев просечно поминувал по 50 метри на час, а на одредени места длабочината на снегот изнесувала и 15 метри. Во Русија сега го гледаат како херој, а се очекува дека ќе биде снимен и документарец за овој несекојдневен потфат.