Русите елиминирани во 1/4 финалето на хокеарскиот турнир

Селекцијата на Русија, која беше најголем фаворит за освојување на златниот медал на хокеарскиот турнир  на Олимписките игри во Сочи, го заврши настапот уште во четвртфиналето.

Русите се поразени од Финска со 3:1 (1:2, 0:1, 0:0) Русите, предводени од големите ѕвезди Овечкин, Малкин Ковалчук и Радулов , играа слабо во текот на целиот турнир. Беа поразени од САД , едвај ја добија Словачка, а мораа да играат бараж за да се пласираат во четвртфиналето.

Во четвртфиналето први поведоа, но немаа сили да го задржат водството , ниту пак да им се спротистават на Скандинавците, кои одиграа одличен натпревар.  Финска во полуфинлаето ќе ги одмери силите со Шведска, која во првото четвртфинале со 5:0 ја торпедира Словенија.   Во преостантите две четвртфинални средби силите ќе ги одмерат Канада – Летонија и САД – Чешка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.