Русите го ослободиле последниот германски затвореник по 69 години

Ранјхард Кунце, 84 годишен Германец кој  е заробен во Втората светска војна, пуштен  е на слобода откако поминал 69 години во разни руски затвори и работни кампови. Кунце имал само 14 години кога советските трупи го заробиле во Берлин, во јануари 1945 година.

Рускиот министeр за внатрешни работи, Сергеј Лавров, кажал дека ова е „чин на добра волја“ и дека Владата на Русија „ја оставила на страна националната гордост и ја покажала својата широкоградост“.

Рајнхард како 12 годишник бил вклучен во 12.СС Панцер дивизија. Обвинет е дека го убил Јаков Џугашвилиј, син на Јосиф Сталин, во концентрационен логор во 1943 година.

Синот на Сталин е фатен во битката за Сталинрад и убиен откако неговиот татко одбил да го размени со висок германски офицер, Фридрих Фон Паулсон. Сталин наредил Кунце да биде притворен до крајот на животот, без оглед на се’, за да плати за „својот кукавичлок“.

Се’ до сега, Русите ја почитувале желбата на Сталин. Меѓутоа, се верува дека ваквата одлука е со цел подобрување на односите со Германците, по случувањата во Украина.

Во текот на Втората светска војна, Русите заробиле околу три милиони Германци, најмногу во последните години од војната. Затворениците се присилувани на работа во камповите и на изградба на  руската инфраструктура.

До 1950 годин, воглавно сите се ослободени. Официјално, последниот затвореник во Русија, се вратил дома во 1956 година.