Русите не го признаваат позитивниот тест на Валиева, Американците навестуваат казна до милиони долари и 10 години затвор

Претседателот на Рускиот олимписки комитет (РОК), Станислав Позднјаков има „сериозни сомневања“ во позитивниот тест на 15-годишната лизгачка Камила Валиева од страна на лабораторијата на Светската антидопинг агенција (WADA), пренесуваат руските медиуми.

„Времето на ализата на примерокот поставува сериозни прашања. Меѓународниот стандард за обработка на примероците во лабораторија на WADA е 20 дена по испораката на примерокот. Чудно е што на примерокот му требало речиси еден месец да отиде од Санкт Петербург до Стокхолм, каде се наоѓа лабораторијата“, изјави Позднјаков.

„Се чини дека некој намерно го држел примерокот до крајот на екипното натпреварување во лизгањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, кое го освоија Русите“, додаде.

Истовремено, САД би можеле кривично да ги гонат Русите во случај да се потврди допингот на Камила Валиева според американскиот ткн „Закон Родченков“, изјави шефот Американската антидопинг агенција, Тревис Тигарт, пренесува Reuters/

Овој закон е донесен во 2020 годдина и ги овластува американските обвинители да бараат парични казни до милиони долари и затворски казни до 10 години, дури и за не-Американци ако нивните постапки влијаеле врз резултатите на американските спортисти.

Сензационалната 15-годишна руска натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева на 15-ти јануари стана новата сениорска европска шампионка, а до титулата дојде во естонската престолнина Талин, каде што пред две години како 13-годишна го освои златниот медал на Светското јуниорско првенство. Нејзиниот тест на „триметазидин“ познат како ТМЗ, земен е на 25-ти декември, а резултатот е откриен на 8-ми февруари.

„Триметазидин“ е лек кој се користи за лекување ангина и болести на срцето. Дејствува така што го зголемува протокот на крвта во срцето и ограничува брзи промени на крвниот притисок. Овој лек не е одобрен за користење во САД.

Се наоѓа на листата на забранети супстанции на WADA од 2014 година, а моментално е категоризиран како „модулатор на хормоните и метаболизмот“, што е забрането за спортистите за користње на натпреварувања и надвор од нив.

Се верува но не е докажано дека може да ја подобри физичката ефикасност, особено во спортови кои барат голема издржливост. Сепак, научните мислења многу се разликуваат во тоа колку ефектот би можел да биде долготраен.

Тоа е лек кој се зама вообичаено еднаш или двапати дневно, а лесно се декететира во тестови како синтетичка дрога, па оттаму е проблематично дали спортисти би го користеле свесно како допинг.

Руските спортисти поради користење на овој лек имаа големи приблеми и претходно. На Зимските олимписки игри во Јужна Кореја во 2018 година, руската натпреварувачка во боб Надежа Сергеева беше дисквалификувана два дена пред трката откако беше позитивна на триметазидин.

Еден од најинтересните случаи кои го вклучуваат лекот е кинеската пливачка ѕвезда и освојувач на златен медал Сун Јанг, кој беше казнет со суспендирање во 2014-та поради позитивен тест на триметазидин. Сун изјави дека лекот му е препишан поради болки во градите.