Русите побединици во Девис купот

Руските тенисери по третпат во историјата се победници во Девис купот, откако во неделата во финалето во Мадрид ја совладаа Хрватска со 2:1, со две победи во поединечните мечеви.

Откако во првиот меч Андреј Рублев го совлада Борн Гоја со 6-4, 7-6(5) и на Русите им го донесе првиот бод, во вториот поединечен меч Данил Медведев, кој моментално е втор тенисер на светот, го совлада Марин Чилиќ со 7-6(7), 6-2, обезбедувајќи го пехарот за руската селекција.

За рисите ова е третиот Девис куп во историјата откако славеа и во 2002 и во 2006 година, со трите пораза во финалните пресметки во 1994, 1995 и 2007 година.

Хрватите останаа на два освоени Девис купа, во 2005 и 2018 година, додека освен ова финале го загубија и она во 2016 година од Аргентина и тоа во Загреб