Русите праќаат лек за Шешељ

Шефот на лекарскиот тим задолжен за здравјето на Шешељ, Милан Бојиќ во изјава за српски „Курир“ вели дека е во контакт со руските онколози и дека е во тек испорака на лек од Русија, од кој сите имаат големи очекувања.

Споменатиот лек, како што посочува Бојиќ, служи за обновување на ќелиите на оштетениот црн дроб, а се добива од црниот дроб на ембрионот на патка.

-Станува збор за лек што се добива од црниот дроб на ембрионот на патката и кој има голема клиничка примена во странство, вели лекарот, но не сакал да открие кој претседател досега го користел овој лек.

Тој посочува дека враќањето на Шешељ во притвор во Хаг, би значело дека тој нема да може да ја прима хемотерапијата, што практично би значело дека тој се враќа во Хаг, за да умре таму.