Русите предлагаат резолуција за Украина во Советот за безбедност

Русија ќе му предаде на Советот на безбедност нацрт резолуција за ситуацијата во Украина со повик за исполнување „мапи за патиштата“ кои ги состави претседателството на ОБСЕ, а ги најави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

„Му наложивме на нашиот амбасадор во Њујорк, Виталиј Чуркин да ја предаде нацрт резолуцијата за ситуацијата во Украина на Советот за безбедност на Обединетите нации, бидејќи се поголема загриженост предизвикува отсуството на било каков напредок во напорите за прекин на насилството, прекин на борбените дејствија, почнувајќи од прекинот на казнените операции“, рекол Лавров.

„Во таа резолуција, се концетриравме на неопходноста да се тежнее кон тоа украинската страна да почне да ги исполнува мапите од ОБСЕ, а подготвени на основа на Женевската изјава од 17 април и претставени после преговорите со претседателот на Русија, Владимир Путин, рекол рускиот министер, пренесува Итар Тас.

Според неговите зборови, тоа е многу важен момент, бидејќи на дело се „обидите да се отстапи од урамнотежениот и праведен карактер на принципите и мапите за патиштата“ и „промоција на некои еднострани планови кои нема да ги уважат интересите на југоистокотна Украина“.

„Тоа се опасни обиди бидејќи само рамноправен дијалог, само потполно уважување на интересите на сите региони на Украина, без исклучоци, помеѓу другото и текот на уставните реформи, може да обезбедат стабилност и јакнење на украинската државност во најдлабоката криза“, рекол Лавров.

Руската државна агенција, истовремено, од Виена извести дека Москва го предала на разгледување на Постојаниот совет на ОБСЕ нацрт резолуцијата за поддршка на „мапите на патишта“ за регулирање на кризата во Украина, кои ги формулирала Швајцарија.

„Сметамо дека усвојувањето на таква резолуција послужило како стабилизирачки момент“, рекол постојаниот претставник на Русија при оваа организација, Андреј Келин.