Руска пратеничка до жените: Немојте да имате секс со странци за време на СП

Тамара Плетњова, руска пратеничка која е претседател на Комисијата за прашања за семејството, жените и децата. Таа имаше излагање пред почетокот на Мундијалот.

Немојте да имате секс со странски мажи. Може да останете бремени и ќе биде проблем ако човекот е од друга раса. Децата родени од мешани двојки најмногу страдаат уште од советско време. Бидејќи мајките се принудени сами да ги одгледуваат, а татковците ја напуштаат земјата штом натпреварувањата ќе завршат, вели Тамара Плетњова.

Таа вели дека не е националист, но ги советува Русите дека треба да имаат партнери од својата земја и да изградат стабилна фамилија.

Не сум националист. Би сакал луѓето во нашата земја да се венчаат поради љубов без разлика од кој етникум се, руските граѓани би требало да градат добра фамилија, да живеат во хармонија, да имаат деца и да ги израснат, вели таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.