Насловната страница на познатиот британски весник „Гардијан“, во која вели дека референдумот во Македонија бил уште една победа за Русија, ја натера руската амбасада во Скопје да реагира. На својот профил на Твитер, амбасадата возвраќа дека медиумот си игра со репутацијата што ја има.
Почитуван „Гардијан“ (и другите западни медиуми), обвинувајќи ја Русија за неуспехот на референдумот во Македонија, значи дека или ви недостига експертиза или намерно го потценувате македонскиот народ. Како и да е, ниту едното ниту другото не е добро за вашата репутација“, се наведува во статусот.
Dear @guardian (and other Western MSM), by blaming Russia for the #referendum failure in #Macedonia you either prove that you lack expertise, or deliberately downplay the Macedonian people. Neither is good for your reputation. pic.twitter.com/QZOd3sViaG
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) October 2, 2018