Руската амбасада: Пред 118 години загина македонскиот народен херој, Гоце Делчев

Пред 118 години загинал македонскиот народен херој, Гоце Делчев, напиша Амбасадата на Руската Федерација во Македонија на официјалниот твитер профил по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев.

„Идеалите на борбата за слобода, на кои овој извонреден револуционер им го посветил својот живот, се релевантни во секое време“, пишува во објавата.

🕯Пред 118 години загинал македонскиот народен херој, Гоце Делчев.

Идеалите на борбата за слобода, на кои овој извонреден револуционер им го посветил својот живот, се релевантни во секое време. pic.twitter.com/pXawSPgy06

— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) May 4, 2021