Руската црква ќе се одмазди ако Вартоломеј ја признае афтокефалноста на украинската црква

Руската православна црква ја осуди одлуката на Вселенската патријаршија за испраќањето двајца пратеници во Украина, што според нив,  е чекор кон прогласување автокефалност за тамошната црква

Руската црква во соопштение исто така се заканува дека ќе преземе „акции за одмазда“ на прецизирајќи за што се работи.

Настојувањата на Украина за црковна независност од Русија се во финална фаза, па на 31 август рускиот патријарх Кирил беше во Истанбул да го посети патријархот Вартоломеј, веројатно за да изврши притисок да не го одобри барањето на Киев.

Кирил бара врховен авторитет врз православните верници во Украина. Верниците пак, се поделени меѓу полу-автономна црква лојална на Москва и меѓу црквата предводена од непризнаениот украински патријарх Филарет. Тој преку претседателот на Укранина, Петро Порошенко неодамна побараа од патријархот Вартоломеј да ја признае автокефалноста на Украинската црква. За нештата да бидат уште покомпликувани, Украина има и трета православна црква која се појавила уште во 20-тите години на минатиот век како реакција на советската репресија.

Вселенската патријаршија вчера испратила двајца епископи во „рамки на подготовките за доделување автокефалност на православната црква во Украина“.