Руската црква ветува жесток одговор на одлуката на Цариградската патријаршија

Руската православна црква порача во саботата дека жестоко и решително ќе одговори на Цариградската патријаршија поради нејзината одлука да ги поддржи барањето на Украина да воспостави независна и автокефална црква којашто досега непризнаена и во рамките на Московската патријаршија.

Прозападните власти во Киев сметаат дека оваа одлука донесена во вторникот, е клучна за да се спречи наводното мешање на Москва во неговите работи, но руското свештенство жестоко се противи на неа сметајќи дека станува збор за најголем раскол во христијанството во последните илјада години.

Александар Волков, порпаролот на московскиот патријарх Кирил, изјави дека светиот синот на Црквата „ќе го изрази својот став“, без да прецизира какви мерки би можело да бидат преземени.

„Синодот, кој ќе се состане во Минск во понеделникот, ќе ја даде својата конечна оцена. Во секој случај, одговорот ќе биде соодветен и остар…. Синодот ќе изрази недвосмислена позиција во однос на одлуките кои беа преземени во Станбол… Неблагодарното дел на нашето ниво е да дадеме некои претпоставки. Следува малку да се почека“, додаде Волков.

Патрјархот Кирил, кој во саботата пристигна во белоруската престолнина Минск, изјави за новинарите „Се надевам дека Православната црква ќе изнајде сили да ги надвладее тешкотиите… за да го сочува единството“.

Волков додаде дека мнозинството Украинци ја поддржуваат каконската Украинска православна црква којашто е во рамките на руската. „Поголемиот дел од украинското општество ја поддржува канонската украинска црква, таа има свој пат на развој и поставување цели.Таа е составен дела од украинското општество“, истакна Волков.

Авторитетот на патријархот Кирил по одлуката на Синодот на Цариградската патријаршија во врска со украинското прашања расте меѓу верниците, тврди неговиот портпарол.

„Поглаварот на Руската црква секој час и секојдневно се моли за својата паства, вклучително и во Украина, којашто му е бесконечно мила. Тој го сака украинскиот народ, и украинскиот народ го сака својот патријарх. И сега само може да се зборува за тоа зајакнување на неговиот авторитет и ра се размее дека ние сме должни да ја поддржиме Украинаската православна црвка и да се собереме околу неа“, додаде Волков.

Истовремено, според Волков, неопходно е да се оценат авторитетите на оние коишто преку политички средства се обидуваат да ги зголемат тензиите околу украинското црковно прашање и градат врски со расколниците.

„Неопходно е да се разгледа како е авторитетот на луѓето коишто ги кршат каноните на црквата, влегуваат во соработка со расколниците, напаѓајќи на нечија канонска територијата, коишто политичките методи на влијание ги насочуваат дректвно во црковната заедница“, вели свештеникот.

Портпаролот на патројархот Московски и на цела Русија, додава дека Украинската православна црква е единствената канонски признаена и ќе продолжи со својата служба.

На заседанието на Синодот кое траеше од 9-ти до 11-ти октомври Цариградскиот патријарх „ја потврди одлуката за започнување на доделување на автокефалноста на црквата на Украина и го поништи решението од 1686 година за преминување на Киевската митрополија под јурисдикција на Московскиот патријарх“. Исто така беше донесена и одлуката за симнување на анатемата од поглаварите на двете неканонски цркви во Украина, Филарет од Киевската патријаршија и Макариј од Украинската автокефална црква. Беше објавена и желбата да се врати Киевската митрополија под јурисдикција на Вселенста патријаршија.