Руската Црноморска флота доби нов командант

Руската Црноморска флота, чиешто историско седиште не на црноморскиот полуостров Крим, именуваше нов командант, објави во средата агенцијата РИА повикувајќи се на разузнавачки и воени извори, по двете експлозии на складишта на муниција последните десет дена во руските бази.

Доколку официјално биде потврдена информацијата, смената на претходната Црноморска флота, Игор Осипов, би значела најважна смена на високорангиран воен офицер откако Русија ја започна, како што ја нарекува, „превентивната изнудена специјална операција“ во Украина за „демилитаризација и денцизација“ на соседната земја.

Агенцијата цитира извори кои тврдат дека новиот командант на флотата Виктор Соколов им бил претставен на членовите на воениот совет на флотата во седиштето во пристаништето Свестапол.

Еден од соговорниците коментирал дека е „разбирливо“ и „вообичаено“ именувањето да не биде објавено во време кога се изведуваат воени операции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.