Руската новинарка која во живо протестираше против војната во Украина си даде отказ од државната телевизија

Марина Овсјаникова, новинарката на руската државна телевизија Канал 1 која во текот на емитување на вестите се појави со транспарент со кој ја осуди војната во Украина и ги повика граѓаните да не ѝ веруваат на пропагандата која ја емитува Кремљ, денеска беше казнета со парична казна од 30.000 рубљи, односно 250 евра.

Таа е обвинета затоа што ги повикала граѓаните на протести против војната во Украина, односно тоа што Русија го нарекува специјална воена операција.

Заблагодарувајќи им се на луѓето кои ја поддржаа, новинарката изјави дека била испрашувана од полицијата повеќе од 14 часа, додека иако побарала правна помош, не ѝ било овозможено да контактира со адвокат неколку часа.

Овјсаникова тврди дека одлуката за анти-воениот протест ја донела самата, без ничија друга помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.