Руската противоздушна одбрана распоредена во Белорусија

Војските на Источниот воен округ, во рамките на проверката на приправноста на силите за реагирање на Сојузната држава (сојузот меѓу Русија и Белорусија од 1997 година), беа префрлени на растојание од десет илјади километри, изјави во вторникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Во понеделникот во текот на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на ситуацијата околу Украина, американската амбасадорка Лиза Томас-Гринфилд обвинувајќи ја Русија дека наводно подготвува инвазија врз соседната земја со стационирање на 100.000 војници на својата страна од границата, тврдеше и дека Вашингтон наводно поседува информации дека Москва на почетокот од февруари планира да доведе уште 30.000 војници во Белорусија, која исто така граничи со Украина.

„Во моментов се одвива првата фаза од проверката. Војниците се распоредени на оддалеченост до десет илјади километри, вклучително и преместување на авијациски и единици за противвоздушната одбрана“, изјавил Шојгу во текот на конференциска врска.

Покрај овие единици, во воените маневри учествуваат и воени команди од двете земји. Според Шојгу, во текот на вежбите војските ќе бидат проверувани во одбраната и заштитата на државните и воените објекти, како и на државната граница во воздушниот простор во рамките на Единствениот регионален систем на противвоздушна одбрана на Белорусија и Русија.

Проверките на заедничките руско-белоруски сили, како што беше објавено кон средината на февраури, се одржува во две фази. Првата ќе трае до 9-ти февруари, кога единиците ќе бидат прераспоредени на територијата на Белорусија и ќе бидат формирани групации војски. Во втората фаза, којашто ќе трае од 10-ти до 20-ти февраури, ќе се одржат маневрите под назив „Сојузна решителност 2022“ на кои војничкиот и офицерскиот кадар ќе увежбуваат сузбивање и одбивање надворешна агресија, како и антетерористички операции.