Руската ПВО одбила украински воздушни удари врз цели на Крим

Руските сили за противвоздушна одбрана соборија две беспилотни летала кои се обидоа да се приближат кон Балаклавската термоцентрала, извести во вторникот вечерта на својот Telegram канал Михаил Развожаев, гувернер на кримскиот град Севастопол.

„При обидот да се приближат до термоцентралата Балаклава, силите на противвоздушната одбрана соборија два дрона. Украинските нацисти повторно се обидоа да ја нападнат нашата централа“, напиша Развожаев.

Според него, украинската војска веројатно имала намера овој напад да го оствари со усогласување на времето на терористичкиот напад организиран врз истиот објект пред седум години кога беше уништен далноводот во Херсонската област поради што беше целосно прекинато снабдувањето со електрична енергија на Крим и Севастопол.

„Нашите сили на противвоздушната одбрана сега дејствуваат. Се изведува напад со беспилотни летала. Според прелиминарните информации, две беспилотни летала веќе се соборени. Сите сили и служби се во приправност. Не се оштетени никакви цивилни објекти. Ве молиме, останете смирени“, додаде во објава Развожаев.

Според него, претходно во вторникот над акваториумот на Црното Море, руската флота одбила напад на уште три беспилотни летала, во обидот да се приближат кон пристаништето Севастопол, историското седиште на руската Црноморска флота.

Украинската војска често изведува напади врз Севастопол со беспилотни летала и дронови, а летово еден дрон падна врз покривот на командата на Црноморската флота. Последниот таков масивен напад беше изведен на 29-ти октомври, кога со воздушни и подморски дронови беа нападнати воени и цивилни бродови на пловидба пред пристаништето Севастопол, за што Москва ја обвини Велика Британија за обука и испорака на дроновите на укранската војска.

Тогаш Русија се повлече од ткн договор за храна што значеше дека нема да дава безбедност по ткн хуманитарни коридори кои ги отвори нејзината флота во Црното Море, но се врати во него на 2-ри ноември, откако Киев даде гаранции дека украинските црноморски пристаништа нема да бидат користени за борбени операции против Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.