Руската рубља за првпат доби симбол

76

Граѓаните го избраа симболот на кирилската буква „р“ со две хоризонтални црти, иако многумина забележуваа дека буквата повеќе наликува на латиничната буква „п“. Русите бираа од петте предлози што ги даде Руската централна банка.

Руската валута во текот на историјата имала многу неславни периоди, за во финансиската криза во 2008-та да изгуби околу една третина од вредноста, по што централната банка се одлучи на слободен курс, а во 2015 та година и целосно ќе престане да ја контролира. Првата кованица со новиот симбол ќе се појави следната година, а во финансискиот промет новиот симбол веќе ја замени досегашното кирилско „р“.

Идејата за создавање симбол за рубљата за да им конкурира на знаците за долар, евро и фунта се појави во 1990-тите години. Централната банка соопшти дека била инспирирана од воведувањето на еврото во Европската унија, но Русија во 1998 година мораше да се фокусира на зацврстување на своите финансиски проблеми, па воведувањето на симболот остана за некои други времиња. Претходно рубљата немаше официјален симбол, иако лого слично на новоизбраното беше широко уотребувано во изминатите неколку години.

Симболот ќе се појави и на компјутерската тастатура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.