Руската „Сбербанк“ објави дека нормално работи и покрај исклучувањето на SWIFT

Најголемата руска банка „Сбернабк“ соопшти во вторникот дека нормално работи и покрај исклучувањето од меѓународниот меѓубанкарски систем SWIFT, кој е дел и од новите санкции на Европската унија против Русија за кои изговор е нејзината воена интервенција во Украина.

„Сбербанк работи вообичаено, а исклучувањето од меѓународниот меѓубанкарски систем за пренос информации и плаќања SWIFT не ја менува моменталната ситуација со меѓународните трансакции. Сбербанк работи нормално. Главните ограничувања се веќе на сила. Прекинувањето на врските со SWIFT не ја менува моменталната ситуација во меѓународното плаќање. Домашните трансакции не зависат од SWIFT и банката ќе ги извршува стандардно“, се вели во соопштението.

Исклучувањето на „Сбербанк“ од SWIFT е договорено во шестиот пакет од антируските санкции на ЕУ. Пакетот вклучува и забрана на увозот на руската нафта којашто се транспортира по морски пат, како и забрана за емитување на три руските телевизии. Донесена е и одлука за санкционирање на поединци коишто Брисел еднострано и без истраги ги обвинува за наводно воени злосторства.

На почетокот од март ЕУ од SWIFT ги исклучи седум најголеми руски банки.

На SWIFT се поврзани повеќе од 11.000 банки во речиси сите земји во светот. Русија има сопствен систем за пренесување на финансиските пораки, кој го креираше нејзината централна банка како одговор на ризикот од можното исклучување на руските банки од меѓународниот меѓубанкарски систем.