Руската вакцина ќе чини под 20 долари и е ефикасна над 95 отсто

Руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ на меѓународните пазари ќе чини помалку од 20 американскидолари за лице односно во две дози, а ќе биде бесплатна за руските државјани, објави на официјалната сметка на Twitter производителот на препаратот.

Вакцината, како и другите конкурентски кои ги развиваат западните компании, ќе се прима во два наврата, а секој ќе чини помалку од 10 долари. Оваа објава доаѓа во времето кога Русија прави напиори во проширувањето на капацитетите за производство и дистрибуција на вакцината којашто доби одобрување од националниот регулатор прва во светот во првата половина на август.

Објавената цена е пониска од американско-германската вакцина на „Pfizer/BioNTech“која чини 15,5 евра по една доза, а исто така, вклучува две, но засега е поскапа од првичната цена којашто ја соопшто британско-шведскиот конзорциум „AstraZeneka“, која првично објави дека нејзината вакцина ќе чини по 2,5 евра по доза.

Курил Димитриев, шефот на Рускиот фонд за директни инвестидии (РФПИ) кој учествуваше во развојот на „Спутник V“ заедно со московскиот Научен институт „Гамалеј“, за агенцијата Reutеrs потврдил дека цената е ниска за да може да биде што подостапно за повеќе луѓе во светот. Додал дека Русија и нејзините странски партнери следната година ќе може да произведат повеќе од милијарди дози од вакцианта, што е доволно за 500 милиони луѓе.

Додал дека најновите клинички податоци, кои се засноваат на 39 потврдени случаи и 18.794 пациенти покажуваат дека вакцината „Спутник V“, која се дава во два наврата, во интервалот од 28 дена била ефикасна 91,4 отсто, а на 42 дена над 95 отсто.

Руското министесрство за здравство кое ја одобри вакцината на почетокот од август, најави дека досега се примени пријави од 20 земји кои се заинтересирани за купување. Производството е договорено во пет земји, во коишто и се изведува последната фаза од клиничките испитувања, како што се Обединетите Арапски Емирати, Белорусија, Индија, Венецуела, и редиза други земји.

Некои западни научни кругови ја критукуваа Русија дека во тестирањето на вакцината наводно ги спуштила некои од стандардите за да биде што поскоро готова, но за тоа не даваат никакви докази. Москва ги отфрли ваквите шпекулациии, посочува дека уште пред речиси три месеца со „Спутник V“ се вакцинирале доброволно функционери, па и ќеркита на претседателот Владимир Путин. Русија ваквите тврдења од Западот ги оцени како „валкана кампања за одвраќање на луѓето“ од руската вакцина во „новонастанатата борба на пазарот на лековите“.

 

Ефикасноста е над 95 отсто

Ефикасноста на вакцината „Спутник V“, според резултатите од прелиминарните истражувања, надминува 95 отсто на 42-от ден по инјектирањето на првата доза од препаратот и под услов пациентот да ја добие и втората доза, објави на Twitter Фондот.

„Според анализата, ефиканоста на Спутник V на 28-от ден по добивањето на првата инјекција (7-от ден по добивањето на втората инјекција) изнесуваше 91,4 отсто. Прелиминарните податоци кај волонтерите на 42-от ден по првата инјекција (еквивалентно на 21-от ден по втората доза), кога кај нив веќе бил формиран стабилен имунолошки одговор, покажуваат ефикасност на вакцината над 95 отсто“, се истакнува во објавата на РФПИ.

Се прецизира дека, во моментов во последната етапа од третата фаза од испитувањето во Русија учествуваат над 40.000 волонтери, од кои над 22.000 ја примилен првата инјекција, а повеќе од 19.000 и првата и втората.

„До 24-ти ноември во текот на испитувањата на ‘Спутник V’ не беа откриени неочекувани несакани појави. Кај некои од вакцинираните имаше куси несакани појави, како што се болка на местото на инјектирањето, синдрим сличен на грип, вклучотено и зголемување на температораута, чувство на слабост и замор, главоболка“, се додава во соопштението.

Добиените разултати ќе бидат систематизирани и објавени од научниот тим кој ја развиваше вакцината „Спутник V“ во научниот ценатар „Гамалеј“ во едно од водечките меѓународно рецензетни медицински списанија. По завршувањето на третата фаза од клиничките испитувања, ќе биде обезбеден простап до целосниот извештај од испитувањата,

Третата фаза од клиничките испитувања, покрај во Русија, во тек е и во Белорусија, Венецуела, Обединетите Арапски Емирати и повече други земји, а во Индија се изведуваат во моментов и втората и третата фаза.