Руската вакцина испратена за забрзана регистрација во СЗО

Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) ја испратил вакцината против новиот коронавирус „Спутник V“  за процедурата на забрзана регистрација и претквалификација во Светската здравствена организација (СЗО – WHO).

Програмата за претквалификација на нови медицински препарати во Обединетите нации е единствената глобална програма за осигурување на квалитетот на лековите и е координинара со СЗО, потсетува агенцијата РИА.

Организацијата ги проценува квалитетот, безбедноста и ефикасноста на лековите. Во случај на усогласеност со барањата и стандардите, лекот се вклучува во списокот кој го користат меѓународните организации за набавки и земјита, при управувања со масовни набавки на лекарства.

Според РФПИ, „во услови на пандемијата забрзаната регистрација и примената на вакцината за итни случаи ќе ја направи достапна за целиот свет за покус временски рок во споредба со вообичаените конвенционални процедури“.

Русија е една од првите земји на светот коишто побараа од СЗО предрегистрација на својата вакцина против новиот коронавирусот. Од СЗО на барање на агенцијата AFP одговориле дека поднесоците се тајни.

Од СЗО истакнале дека „доколку производот предаден на процена беде во согласност со крутериумите за впишување во листата, СЗО јавно ќе ги објави резултатите“. Зсега организацијата „сѐ уште не претквалификувала вакцина против Covid-19, ниту ја додала на листата за итна употреба“.

На 11-ти август Русија прва во светот ја регистрираше вакцината против коронавирусот наречена „Спутник V“, што наиде на големи сомнежи и критики особено од научната јавност на Западот. Препаратот развиен од стручњаците на московскиот институт „Гамалеја“, врз основа на плаформа на којашто веќе се создадени низа вакцини, во јуни и јули ги мина првата и втората фаза од клиничките испитувања. На 15-ти август руското министерство за здравство соопшти дека вакцината веќе започнала да се произведува. Третата, ткн пострегистрциска фаза од клиничките испитувања на вакцината започна на 25-ти август.

Вакцината се состои од две компонентни кои се базираат на два различни соја на аденовирусите: rAd26-S и rAd5-S. Научниците ги ослабиле и модифицирале нивните геноми, така што тие испорачуваат фрагменти на РНК на коронавирусот. Благодарејќи на тоа, вторите произведуваат големо количество протенини од неговата обвивка. Тие молекули навлегуваат во имунити клетки, коишто поради тоа почнуваат да произведуваат антитела на SARS-Cov-2 вирусот, се наведува во студијата.

Голем дел од руската политичка и општествена елита изјавија дека веќе се вакцинирале со овој препарат, а претседателот Владимир Путин изјави дека се вакцинирала и една од неговите ќерки. Владата се надева дека веќе од ноември ќе може масовно да го вакцинира населението.