Руската вакцина против корона пуштена во цивилна продажба!

Првата пратка од руската вакцина против вирусот корона, направена од научниот центар Гамалеј, е пуштена во цивилен промет, објави прес-службата на Министерството за здравство на Русија.

Првата серија на вакцини за превенција од вирусот корона Спутник 5 направена од Научно истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеј, ги помина сите потребните тестови за квалитет во лабораториите (руски здравствени служби за надзор) во Росздравнадзор и беше пуштена во цивилен промет, се наведува во соопштението.

Вакцините се очекува наскоро да бидат доставени во сите руски региони, додаде прес-службата на Министерството за здравство.

Да потсетиме, Русија ја регистрираше првата вакцина против вирусот корона на 11 август.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.