Руската економија ќе се намали годинава за малку повеќе од 2 отсто, значително поблаго отколку што се очекуваше а и инфлацијата ќе биде поблага, изјави во вторникот првиот потпретседателот на владата Андреј Белоусов.
Руската економија е погодена веќе осум години со сеопфатни незапаметени во историјата санкции на западните земји предводени од САД воведени поради војната во Украина, но се покажа дека последиците не се толку тешки како што во почетокот се стравуваше, забележуваат повеќето западни аналитичари, пренесува Reuters.
Белесоусов во понеделникот вечерта изјави дека рускиот бруто домашен производ (БДП) годинава ќе падне за „малку повеќе од два отсто“, а во 2023 година за најмногу еден отсто.
Уште кон средината на август министерството за економија проценуваше дека БДП-то годинава ќе биде намален за 4,2 отсто, а пред тоа се предупредуваше дека би можело да падне и за повеќе од 12 отсто, најмногу од кризата кон средината на 1990-те години.
И покрај санкциите без преседан во историјата и напуштањето на многу странски компании на пазарот во Русија, владата не регистрирала знаци за влошување на ситуацијата на пазарот на труд, и покрај ризиците, рече Белоусов на седницата на владата која во вторникот ја пренесуваше телевизијата.
Стапката на невработеност во Русија во јуни изнесувала 3,9 отсто и била најниската откако статистичкото биро започна со објавувањето на податоците пред 30, година, според базата на податоци Eikon.
Инфлацијата годинава би требало да се движи меѓу 12 и 13 отсто, додаде потпретседателот на руската влада, по скокот на највисокото ниво во последните 20 години од 17,8 отсто во април годинава.
Извозот на услуги ќе се намали годинава, според Белоусов, на 17 отсто бидејќи Русија го загубила пристапот до европските пазари. Увозот на стоки за широка потрошувачка, пак, речиси закрепнал благодарејќи на новите трговски правци и паралелниот увоз,
„Увозот е клучно прашање, имајќи предвид дека ограничувањето на увозот е еден од инструментите, алатките на целокупната логика на санкциите против нашата земја“, истакна Белоусов.
Русија вклучила широк дијапазон производи на странски произведувачи на автомобили, технолошки компании и странски потрошувачки брендови во паралелната шема за увоз, чијашто цел е заштита на потрошувачите по падот на редовниот увоз.
Увозот на инвестициска опрема и машини претрпел поголеми штети, предупреди Белоусов, предвидувајќи негов пад до 20 отсто годинава.
„Ситуацијата и натаму е доста тешка поради ограничување на увозот на инвестициска опрема и другите санкции“, додаде Белоусов прогнозирајќи дека падот на капиталните вложувања ќе го достигне максимумот во четвртото тримесечје и на почетокот на следната година.