Руската војска објави за нови успеси во офанзивата во Доњецк

Руските единици ги продолжуваат напредувањата на боиштето на позициите на поранешните административни граници на источната украинска област Доњецк, со доминатно руско и рускојазично население од која најголемиот дел е под контрола на проруските сепаратисти по превратот во Киев во 2014 година, соопшти во вторникот руското Министерство за одбрана во дневниот брифинг за борбените дејствија последното деноноќие.

„Во правец на Доњецкиот регион, како резултат на уништување на единиците на 60-та моторизирана пешадиска и 79-та воздушно-јуришна бригата на Вооружените сили на Украина и новите офанзивни операции, руските трупи заземаа нови стратешки позиции“, се наведува во соопштението за јавноста.

Истовремено се известува и за нанесување големи загуби на украинските сили и во судирите на боиштето во соседната ткн Луганска Народна Република во правец на централна Украина.

Според сумираните податоци на руската војска, којашто претходно во понеделникот го потврди загинувањето на над 60 нејзини припадници во украинското гранатирање на позициите во Макаеевка во Доњецк, во изминатото 24 часа убиени се најмалку 170 украински војници.

Притоа се известува за уништување на неколку десетици борбени возила на украинската војска, како и нанесување удари врз позиции на позициите на десантните бригади на украинската армија во Доњецк и во Луганск.

Според, истиот извор, разните видови на руската војска во изминатото деноноќие извршиле напади врз вкупно 92 позиции на украинската војска при што биле уништени 67 борбени точки на украинската артилерија, вклучително и во Харковската област.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.