Руската војска потврди за загинување на 63 руски војници во украинско ракетирање во Доњецк

Вооружените сили на Украина го нападнаа местото на привремено распоредување на руската војска во регионот Макеевка во ДПР, при што загинаа 63 лица, соопшти во понеделникот  руското Министерство за одбрана.

Се прецизира дека гранатирањето е извршено од ракетен систем за повеќекратно лансирање HIMARS од американско производство.  Украинската војска истрела шест проектили, од кои два беа соборени.

„Како резултат на ударот од четири проектили со силно експлозивна боева глава врз позицијата на привремено распоредување загинаа 63 руски војници“, соопшти Министерството за одбрана.

Макеевка е приградие на Доњецк, во непосредна близина на главниот град на истоимената доминатно руска и рускојазична област на североисток на Украина, којашто прогласи независност по превратот во Киев во 2014 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.