Руската војска соборила американска „паметна бомба“ истрелана од Украина

Руското Министерство за одбрана објави во вторникот дека руските противвоздушни сили пресретнале и собориле американска „паметна бомба“ којашто ја лансирале украинските сили, што се првпат руската страна да потврдува дека соборила таков вид оружје коешто западните земји ѝ го испорачаа на Украина за да може да гаѓа цели во длабочината на руските позиции.

„Системите за противвоздушна одбрана во последното деноноќие пресретнаа 18 проектили на повеќецевните ракетни системи HIMARS и една наведувана ракета GLSDB“, се наведува во објавата од Москва без да се прецизира локацијата.

Руските воени стручњаци велат дека руската војска досега не се соочила со овој вид муниција на бојното поле во Украина, но посочуваат дека противвоздушните системи „Тор-М2“ и „Панцир-С1“ се опремени за уништување на GLSDB бомбите.

Таканаречената GLSDB (Ground Lanched Small Diameter Bomb) бомба е заеднички производ на американски „Boeing“ и шведски „Saab“ кои на бомбата ѝ додадоа ракетен мотор и ја приспособија да се лансира од копнени системи. Таа се лансира на ракета и потоа со сателитско наведување бесшумно лебди до целта која според „Saab“ може да биде оддалечена до 150 километри. Тоа е двојно поголема дистанца во однос на ракетниот систем HIMARS кои на Украина САД ѝ ги испорачаа минатата година.

Според западните воени аналитичари, Вашингтон овој тип вооружување му го испорачал на Киев во јануари годинава, кога всушност ја најави можноста за предавање на „паметната бомба“.

Воените стручњаци, исто така, наведуваат дека проектилите GLSDB за гаѓање на руските командни центри, линиите за снабдување и други цели далеку во заднината на руските позиции во источна Украина и да ја принуди руската војска да ги повлече подалеку од боиштето, како и на украинската војска да ѝ овозможи понапред на боиштето да ги позиционира ракетните системи HIMARS.

Предноста на овие „паметни бомби“, покрај зголемениот дострел, според стручњаците е и високата прецизност во гаѓањето стационарни цели по пониска цена во споредна со проектилите HIMARS. Покрај тоа, GLSDB е способна за мали маневри, менувајќи ја траекторијата на летот.