Руската војска уништила шест центри преку кои Западот испорачувал оружje во Украина

Руските сили со високопрецизно оружје со долг дострел уништија шест локации на украинските железници преку кои Западот ги спабдуваше со оружје силите на режимот во Киев, соопшти во понеделникот портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

„Со високопреизниците удари со оружје со долг дострел уништени се шест точки во областите на железничките станици Красное, Жмеринка, Здолбунов, Бердичев, Ковел и Коростен“, прецизираше Конашенков.

Појасни дека преки овие пунктови се вршечо снабдување со странско оружје и воена опрема на украинските воени формации кои изведуваат напади врз одметнатите доминатно руски и рускојазични региони во источната украинска област Донбас кои се под контрола на проруските и руските единици.