Руски авиони патролираат на границите на Белорусија

Руските воздушни сили денеска патролираат на границата на нивниот сојузник Белорусија, објави Минск, додека западните земји веруваат дека таа земја може да преземе поактивна улога во руската агресија врз Украина.

Русија распореди дополнителни 9.000 војници и воена опрема во соседната земја, откако белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела изјави дека на неговата земја и се заканува напад од Украина.

Руската авијација „врши планирана патрола на воздушните граници на Државниот сојуз“, соопшти Министерството за одбрана во Минск.

Русија ја нападна Украина од Белорусија на 24 февруари, испраќајќи војници и опрема за подоцнежната неуспешна офанзива на Киев. Белорусија дели 1.085 километри долга граница со Украина, која во најблиската точка е на само 100 километри од главниот град на Украина.

Иако Лукашенко вели дека Белорусија е под закана од украински напад, тој сепак не испраќа војска да се бори заедно со Русите, и покрај загриженоста од Западот и Киев дека може да го стори тоа.

Украина негира дека е закана за Белорусија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.