Руски дипломат: Не го испитувајте трпението на Путин!

Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов го предупредил Брисел, дека не треба да го подлежи на тест трпението на претседателот Владимир Путин, пренесува „ДПА“.

Така дипломатот ги коментира критиките од страна на европските институции кон проектот „Јужен Поток“, политичката криза во Украина и подготовката на Зимските олимписки игри во Сочи.

Изјавата на Чижов дојде за време на настан организиран од Центарот за европска политика во Брисел. Сепак тој изрази мислење дека заеднички долг и на Путин и на западните лидери е да се стави крај на лошата комуникација и недовербата меѓу Русија и Обединета Европа, „поткрепен од вековните заблуди за другиот“.

Во пеиодот меѓу 27 и 28 јануари во белгиската престолнина ќе се одржи средба на врвот ЕУ и Русија, на која се очекува да бидат разгледани сите спорни политички и економски прашања меѓу двете најголеми политички сили на Стариот континент.