Руски доктор: Постојат необјасниви работи во врска со короната и ПЦР тестот

Рускиот доктор Александар Мјасников посочи необјасниви работи поврзани со коронавирусот, почнувајќи од таканаречените „супер-носители“ кои самите не се болни, па сѐ до различни предиспозиции за ковид-19 кај луѓето.

Според него, „супер-носителите“ на инфекцијата обично самите не се разболуваат, туку масовно ги инфицираат луѓето од нивната околина. Најчесто само 20% од луѓето го пренесуваат вирусот, и доста е тешко да се идентификуваат, објаснува докторот.

Тој додаде дека друг парадокс е поврзан со различни предиспозиции за оваа болест. Мјасников потсетува дека луѓето со нулта крвна група се со помала веројатност да се заразат.

Во исто време, тој ги повика жителите да не се грижат во случај повторно да заболат од ковид-19.

– Луѓето повторно се разболуваат, но ги има многу помалку отколку што пишуваат медиумите – посочи тој.

Тој, исто така, потсетува дека губењето на антитела кон вирусот е природно со текот на времето, нагласувајќи дека за повеќето лекари, нивното ниво престанало да биде показател. Најбезбедниот начин за откривање на присуството на вирусот е тест на крвта.

– Тестот не покажува дали вирусот е присутен во телото, туку дали вирусот е присутен на стапчето што ви е втурнато во носот. Таму, 40 проценти од негативните резултати се лажни! – предупреди докторот.

Тој, исто така, ја коментираше ситуацијата со зголемувањето на стапката на смртност од ковид -19 во Русија, привлекувајќи внимание на искуствата на земјите, особено Америка и Израел, каде што вакцинацијата помогна значително да се намали смртноста.

Според рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, повеќето пациенти кои завршуваат во болниците поради ковид-19 не се вакцинирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.