Руски „Газпром“ вети поголем проток за Италија додека Рим го бара гасот на други места

EPA/ANATOLY MALTSEV

Рускиот државен гасен гигант „Газпром“ вети зголемување на дневните испораки на природниот гас за Италија, ублажувајќи ги стравовите за претстојната енергетска криза, додека Рим веќе подолг период се обидува на најде други извори на набавките.

Од „Газпром“ планираат да испорачаат околу 36 милиони кубни метри гас во четвртокот, соопшти италијанскиот оператор „Eni“, кој е во делумна државна сопственост.

Изминатите денови „Газпром“ испорачуваше околу 21 милиони кубни метри гас, според „Eni“ чиешто седиште е во Милано. Во објавата на компанијата се додава дека ќе објави нови информации доколку дојде до „значителни промени“.

Италија е значително зависна од гасот од Русија, со речиси 40 отсто од нејзините потреби. Но поради војната во Украина, владата на сега веќе премиерот на заминување Марио Драги речи да стане независна од рускиот гас и од тогаш потпиша договори за снабдување од други земји, но сѐ уште значително не ги замени руските испораки.

Неодамна Алжир се согласи да ги зголеми своите испораки на гас за Италија. Со тоа, според италијанската влада, оваа северноафриканска држава ќе стане најважниот гасен партнер на Италија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.