Руски генерал: НАТО с еподготвува за голем воен судир

Воените вежби на НАТО во балтичките земји, Полска, како и во водите на Црното Море и во Балтичко Море, укажуваат дека Алијансата се подготвува за голем конфликт.Тоа го тврди началникот на Генералштабот на руската армија Валери Герасимов, во обраќање се пред странските воени аташеа.

– Воените активности на блокот се интензивираат во балтичките земји и Полска, Црното и Балтичкото море. Нивните сценарија укажуваат на насочена подготовка на НАТО за распоредување на нејзините сили во голем воен конфликт, рече Герасимов.

Тој истакна дека блокот ја промовира тезата за „руската воена закана“, толкувајќи ја секоја руска процедура за безбедност или каков било планиран транспарентен воен   настан како „закана за мир“.

– Во доктринарните  документи на Брисел, Русија има статус на противник, истакна генералот.

Герасимов потсети дека од 2016 година, земјите-членки ги зголемиле трошоците за одбрана за 130 милијарди американски долари, со планови да се зголемат за 400 милијарди долари до 2024 година. Тој истакна дека акциите на блокот ги зголемуваат тензиите и го намалуваат нивото на безбедност на допирната линија Русија-НАТО.