Руски хакери тврдат дека дошле до податоци за странските борци во украинската војска

Проруските хакерски групи кои се претпоставуваат по називите RaHDit и Zаря објавија на интернет страницата НемеZида податоци за странските борци кои војуваат во Украина против Русија во составот на украинските вооружени сили .

Меѓу другите, како што пренесува агенцијата РИА, објавени се податоци за борци и инструктори на ткн „Грузиско странски легион“ и за белоруски платеници, кои војуваат против руските сили во југоисточните украински региони.

Така, во списокот бил истакнат наводен воен инструктор на „Грузискот странски легион“ извесен Каха Базилија, командантот на артилериската група на легијата Михаил Камхадзе, како и основачот на единицата оператори со дронови „Птиците на Мадја“, извесен Роберт Мадјар Бровди.

Од податоците до коишто дошле хакерите произлегувало дека Каха бил ангажиран во обуката на украинските војници и доброволци, Бровди учествувал во борбените дејствија во областите Ирпен, Буча и Бородјанка во западна Украина уште во првите денови на руската инвазија ланскиот 24-ти февруари, а потоа со својата единици биле прекомандуван во југоисточната област Херсон.

Покрај тоа, хакерските групи објавиле податоци и за 175 државјани на Белорусија кои војувале во составите на „Полкот Калиновски“, „Птиците на Мадјар“ и „Легионот Нормандија“.

„Материјалите се добиени како резултат на хакерски напад врз мрежните страници на Советот на министри на Полска“, се тврди во објавата на хакерските групи.

Списоците објавени на порталот НемеZида, како што се наведува, вклучуваат и лица осудувани за насилни злосторства и со потерници издаден по нив во Белорусија поради обид за насилно преземање на власта, издадени по големите протести во септември 2020 година.

Хекерите особено ги истакнуваат податоците добиен за извесен Александр Руткевич кој во 2020 година учествувал во протестите кои завршија со насилства и жртви кој во 2021 година бил приведен од белоруската разузнавачко-безбедносна служба КГБ, но успеал да пребегне во Украина, каде што се стапил во редовите на националистичкиот баталјон „Азов“. Подоцна тој преминал во редовите на „Баталјонот Катус Калиновски“, формиран од белоруски екстремисти,, дисиденти и платеници.

Го истакнуваат и досието на Белорусинот Николај Сибирски кој 20 години живеел во Германија, кој наводно бил еден од водачите на ткн „Полк Погонја“, составен од државјани на Белорусија. Тој, според овие податоци, веќе пет години учествувал во конфликтот во југоисточна Украина меѓу силите на Киев и проруските самопрогласени републики по превратот од 2014 година.

Податоците, особено за белоруските борци во Украина, се потенцираат во контекстот на изјавата од средата на поранешниот заменик-министер за одбрана на Полска, Валдемар Скшипчак, кој изјави дека Варшава се подготвува за вооружен судир во Белорусија. Според него, полските служби за тоа треба да ги искористат белоруските платеници кои војуваат на украинска страна против Русија.

Белорускиот претседател Александр Лукашенко изминатите месеци повеќепати изјави дека Минск поседува сознанија за планови на Киев и некои соседни земји на територијата на Белорусија да бидат уфрлени белоруски опозиционери обучувани во борбите на украинска страна со цел да заземат помал град и да предизвикаат граѓанска војна и можно соборување на белоруската влада. Во исто време, Државниот граничен комитет на Белорусија известува дека постојано бележи провокации од Киев. Пријавено е дека Украинците минирале патишта и мостови, па затоа белоруските гранични единици вршеле зголемени патроли и соборувале беспилотни летала на вооружените сили на Украина на територијата на Белорусија.