12.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Руски хакери украле тајни документи на САД и Британија

Тајните документи за трговскиот договор на САД со Велика Британија, кои беа откриени пред британските избори во 2019 година, ги украле руски хакери од е-поштата на поранешниот министер за трговија Лиам Фокс.

Според Ројтерс, двајца неименувани извори кои се запознаени директно со ова прашање наведуваат дека податоците од е-поштата на поранешниот министер Лиам Фокс ги украле руски хакери.

Според нив, хакерите пристапувале на електронската пошта неколку пати во периодот од 12 јули до 21 октомври минатата година.

Тие одбиле да ја именуваат руската група или организација за која се сомневале дека е одговорна, но рекле дека нападот има карактеристики на операција поддржана од таа држава.

Кремљ веднаш не одговори на барањето за коментар.

Меѓу украдените информации се наоѓаат шест транши документи, во кои се детализирани трговските разговори со Соединетите држави, што за прв пат Ројтерс ги објави минатата година.

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, го потврди извештајот минатиот месец, велејќи дека руските хакери сакале да се вмешаат во изборите преку илегално онлајн дуплирање на владини документи што протекоа.

Британската влада исто така одби да го коментира случајот.

„Во тек е кривична истрага за тоа како се набавувале документите и би било несоодветно да се коментира во ова време“, изјави портпаролот на британската влада, додавајќи дека владата има многу силни системи за заштита на ИТ системите на службениците и вработените.