Хакери од Русија, Кина и Иран ги користат алатките на „OpenAI“ на „Microsoft“ за да ги развијат своите вештини и да ги измамат своите цели, тврди во објавата од средата американскиот технолошки гигант.
Во извештајот „Microsoft“ наведува дека наводно открил групи хакери поврзани со руската воена разузнавачка служба ГРУ, Корпусот на иранската револуционерна гарда и со кинеската и со севернокорејската влада додека се обидувале да ги усовршат своите хакерски кампањи користејќи големи јазични модели. Тие компјутерски програми, наречени вештачка интелигенција, користат огромни количества текст за да генерираат одговори слични на луѓето, се појаснува.
Компанијата ја издаде оваа објава претставувајќи ја целосната забрана за хакери коишто ги поддржува држава да ги користат нејзините производи со вештачка интелигенција.
„Без разлика дали има прекршување на законот или политика на употреба, ние едноставно не сакаме оние актери што ги идентификувавме – кои ги следиме и за кои знаеме дека се закани од различни видови – да имаат пристап до тоа технологија“, изјави потпретседателот на „Microsoft“ за безбедност на корисниците, Том Берт во интервју за Reuters пред објавувањето на извештајот.
„OpenAI“ и „Microsoft“ тврдат дека она што се случува е „во раните фази“ и „постепено“, како и дека хакерите не постигнале голем напредок.
„Всушност ги видовме како ја користат технологијата како и секој друг корисник“, рече Бурт.
Руски, севернокорејски и ирански дипломатски претставници не одговориле веднаш на барањата на Reuters за коментар.
Портпаролот на кинеската амбасада Лиу Пенгју рекол дека се противи на „неоснованите клевети и обвинувања против Кина“ и се залага за „безбедна, сигурна и контролирана“ употреба на технологии за вештачката интелигенција за „да се зајакне заедничката благосостојба на целото човештво“.
Хакерските групи користат големи јазични модели на различни начини, се вели во извештајот. Хакерите кои наводно работеле за руското ГРУ ги користеле моделите за да истражат „разни сателитски и радарски технологии кои може да бидат релевантни за конвенционалните воени операции во Украина“.
Севернокорејските хакери, според истите тврдења за кои не се приложени докази, наводно ги користеле за да генерираат содржина којашто „најверојатно ќе се користи за кампањи за spear-phishing против регионални експерти“.
Иранците, пак, се потпирале на модели за да пишуваат поубедливи мејлови, а Кинезите поставувалепрашања за ривалските разузнавачки агенции, сајбер безбедноста и „истакнати поединци“, тврдат од „Microsoft“.