Руски медиуми тврдат дека во Сирија е тестиран системот С-500

Во Сирија успешно е тестиран рускиот противракетен систем С-500, јавија руските медиуми.

Иако за време на тестовите на противракетниот систем С-500 се појавија голем број потешкотии, овие проблеми беа брзо решени, јави рускиот весник „Известија“, повикувајќи се на извори од руското Министерство за одбрана.

Се наведува дека тестот на системот во оваа фаза е завршен, и се смета за успешен, пренесуваат светските агенции.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно изјави дека испораката на системот С-500 на руската војска ќе започне во 2020 година. Тој додаде дека е прекинато производството на 12 видови оружје, чии тестови тестови спроведени за време на операции во Сирија беа неуспешни.