Рускиот новинар Дмитри Циликин (54) е пронајден мртов во својот стан во Сенкт Петерсбург, соопшти руската полиција, пренесе МИА.
Мртвото тело на новинарот било откриено откако неговите роднини и пријатели не можеле да стапат во контакт со него, па ја алармирале полицијата.
Циликин бил пронајден во станот со повеќе рани од нож по телото. Полицијата верува дека бил мртов најмалку два дена, пред да се открие неговата смрт. Од станот исчезнале неговиот личен компјутер и мобилниот телефон.
Засега не се знаат мотивите за ова убиство, но полицијата се сомнева дека станува збор за внатрешни, семејни проблеми.
Дмитри Циликн е добро познато име во руското новинарство, во кое работел теми од културата и како уметнички критичар.
Најмногу има работено за радиото и телевизијата, но пишувал и за рускиот весник „Комерсант“, како и за модните списанија „Вог“ и „Ел“.