Руски ‘Росатом’ сака да биде стратешки инвеститор во нуклеарката во Бугарија

Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ објави во понеделникот дека искажала интерес за статусот стратешки инвеститор во проектот за градење нуклеарна централа во Бугарија.

Бугарија, која е членка на Европската унија и на НАТО, е под голем притисок од Брисел и Вашингтон да ја намали својата енергетска зависност од Русија. Но тоа ја доведе земјата во незавидна состојба, бидејќи другиот нуклеарен проект „Козлодуј“ не може да биде остварен откако американскиот партнер објави дека не учествува во него.

Во 2008 година Бугарија потпиша договор со „Атомстројекспорт“ за градење два реактора од илјада мегавати во гратчето Белене на Дунав. Под притисокот Софија се откажа по четири години, откако не успеа да најде западни инвеститори за проектот проценет на меѓу 6,5 милијарди евра.

Бугарија бара стратешки вложувач за заживеаниот проект за градење на нуклеарната централа во Белене на Дунав, за што се проценува дека ќе изнесува најмалку 10 милијарди евра.

Софија се откажа од проектот во 2012 година кога не успеа да најде инвестири. Причина за тоа во прв ред беше притисокот од САД и Европската унија да се откаже од соработката во енергетската сфера со Русија со која веќе го имаше договороно градењето на нуклеарката. Потоа слична судбина имаше и гасоводниот проект Јужен тек, со што Бугарија останува дефицитарна со енергија.

Информацијата за изборот на стратешкиот инвеститор беше објавен кон крајот на мај во службениот билтен на Европската унија, а постапката ќе биде заокружена во рок од 12 месеци од датумот на објавата, потсетува руската агенција ТАСС.

Рокот за поднесување на писмото за намери на заинтересираните инвеститори во проектот истече во понеделникот ноќта. Во „Росатом“, пак, не сакале да ги наведат поединостите за нивното писмо со намери.

„Државната компанија ‘Росатом’ го претстави барањето за учество во постапката за избор на стратешки инвеститор во проектот Белене НПП (Бугарија), објавен на 22-ри мај 2019 година. Бугарската Национална електроенергетска компанија (НЕК) ги прифати писмото со намери“, се наведува во соопштението на руската компанија за медиумите.

Бугарската национална електроенергетска компанија (НЕК ЕАД) на почетокот од декември 2016 година целосно го исплати долгот кон руската компанија „Атомстројекспорт“ по одлуката на Меѓународната трговска комора во Женева во врска со проектот за нуклеарната централа Белене, а станува збор за дел од руската државна корпорација „Росатом“. Според одлуката на судот, донесена на 14-ти јуни 2016 година споменатиот арбитражен суд сумата којашто бугарска НЕК треба да ѝ ги исплати на „Атомстројкеспорт“ изнесува 601,6 милиони евра.

Русија инаку во 2012 година на милијарда евра го зголеми отштетното барање против Бугарија, поради откажувањето на договорот со кој беа изведени подготовките и почетните работи на изградбата на новата нуклеарна централа.