Руски Роснефт може да ја преземе венецуелска PDVSA

AFP / Federico PARRA

Венецуелската влада е подготвена контролата над државната нафтена компанија PDVSA да ја предаде на руски „Роснефт“ со што ќе го подмири долгот кон Русија, известуваат медиумите повикувајќи се на извори од нафтената индустрија.

Цитирајќи го венецуелскиот весник El Nacional, руската новинска агенција ТАСС известува дека овој радикален потег се дискутира како начин на бришењето на долгот на Каракас кон Москва. Станува збор за значителен долг, кој кон крајот на јуни годинава инесувал, 1,1 милијарди, а кон крајот на март 1,8 милијарди долари.

Пред две години Венецуела и Русија се договорија за реструктуирање на уште еден долг од 3,15 милијарди долари кон Москва во текот на десетгодишен период, со минимални плаќања во првите шест години. Од 2006 година руските заеми на Венецуела вкупно достигнале над 17 милијарди американски долари.

Според El Nacional, Москва позитивно реагирала на предлогот за преземање на PDVSA, и биле воспоставени неколку комисии кои се испратени во Венецуела поради процена на состојбата. Меѓутоа, како што се наведува во написот, првите информации укажуваат на тоа дека компанијата е преголема и дека ѝ се потребни сериозни отпуштања за да стане поконкуртентна.

Аналитичарите во светот, пак, сметаат дека тоа сепак во поголема мера не би ѝ помогнало на венецуелската компанија оптоварена со американските санкции. Имено, повеќето од овие санкции се однесуваат токму на PDVSA поради нејзината круцијална улога како извор на пари за владата и претседателот Николас Мадуро. Се напоменува и дека „Роснефт“ е опфатен со американските санкции.

Но уште во март годинава британската компанија BP, која поседува удел од 19,75 отсто од акциите на „Роснефт“, соопшти дека не добила никакви предупредување од американските власти во врска со обвинувањата од страна на Вашингтон против руската корпорација. Тогаш американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди дека „Роснефт“ продолжува да купува нафта од PDSVA, пркосејќи има на америакнските санкции, на што од руската компанија одговорите дека тие не водат политика, туку дејствуваат исклучиво трговски и во интерес на исте нивни акционери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.