Руски шпион во Бундестагот на Германија?

Германското сојузно обвинителство покрена обвинение против германски државјанин кој е обвинет за шпионажа во корист на руската разузнавачка служба.

Како што пренесува Ројтерс, Обвинителството го товари за предавање на плановите на зградата на Бундестагот.

Според агенцијата, обвинителството објавило дека германскиот државјанин Јенс Ф. обезбедил ПДФ-фајлови од плановите на основата на објектот за време на неговата работа за компанија која се занимавала со одржување на електрична опрема во зградите на Бундестагот.

Обвинителството објави дека во втората половина на 2017 година, тој одлучил да ги пренесе собраните досиеја на руското разузнавање и дека податоците ги испратил до службено лице во руската амбасада, кој работел за руската разузнавачка агенција ГРУ, пренесува Ројтерс.