Руски војници откриле миниран труп на украински војник

Припадниците на специјалните сили на Руската гарда пронашле минирано тело на загинат украински војник во областа на Харков, град на североистокот на Украина, соопшти во вторникот руското министерство за одбрана.

Се забележува дека при проверка на позициите кои ги напуштила украинската војска во близина на Харков, припадниците на гардата пронашле воена опрема, како и тека двна загинати украински војници и борци на паравоените формации на екстремно-десничарските движења.

„Во текот на активностите за извидување и пребарување (на теренот), специјалците пронајдоа тело на загинат војник на вооружените сили на Украина. При увидот групата за деминирање утврди дека трупот е миниран …. и беше спречена диверзија и овозможена безбедноста на припадниците“ на гардата, се наведува во објавата.

Руските сили, исто така, во Харковската област наишле на шумска колиба со тела на загинати украински војници чиј влез, исто така, било миниран. Покрај тоа, се тврди дека било запленето големо количество оружје оставено при повлекувањето на украинските сили, вклучително и американските противтенковски системи „Javelin“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.