Русија извршила околу 20 удари во Сирија врз осум објекти на Исламска држава, соопштија од руското Министерство за одбрана.
– Руските ВВС нанесоа денеска точни удари врз осум објекти на терористичката група ИД на територијата на Сирија. Беа извршени околу 20 летови на руски воени авиони, изјави портпарол на МО на Русија.
Како резултат на ударите, уништени се складишта за муниција, оружје, воена техника.
– Сите напади биле извршени по претходни воздушно разузнавачки податоци добиени од штаб на сириската армија, појасни Игор Конашенков. Цивилни објекти и околни реони не се оштетени при нападите.