Рускиот амбасадор: Лекциите од Првата светска војна нè потсетуваат колку се разорни последиците од поделби во алијанси и политики на конфронтација

85

Лекциите од Првата светска војна нè потсетуваат на тоа колку разорни се последиците од поделби во алијанси и политики на конфронтација, истакна амбасадорот на Руската федерација Сергеј Баздникин при денешната традиционална комеморација на прилепските Германски гробишта по повод 1 август, денот на сеќавањето за загинатите руски војници од Првата светска војна.

Баздникин рече дека денешната руска надворешна политика има карактеристика на немешање во меѓусебните внатрешни работи на земјите.

Лекциите од Првата светска војна нè потсетуваат на тоа колку разорни се последиците од поделби во алијанси и политики на конфронтација. Во 1914 година, Русија вложуваше секој можен напор за да се избегне крвопролевањето во Европа, но беше принудена да одговори на предизвикот, штитејќи го братскиот словенски народ. Стремежот кон мир и конструктивна соработка меѓу државите врз основа на еднаквост и заемно почитување, немешање во меѓусебните внатрешни работи е карактерна особина и на денешната руска надворешна политика. Убеден сум дека ваквите настани, како што е овој денес, придонесуваат за проширување и зајакнување на билатералните меѓучовечки врски меѓу нашите држави, служат како добар пример за грижливо и внимателно однесување кон војнички меморијали, за што особена благодарност им упатуваме на градоначалникот на општина Прилеп и нејзините жители, рече Баздникин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.