Рускиот гас во Европа ќе доаѓа преку Украина во следние пет години

Руската и украинската државни нафтени компании во понеделникот доцна вечерта потпишаа петгодишен договор со кој се осигурува испорака на рускиот гас во Европа преку Украина, објави рускиот енергетски гигант „Газпром“ и кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Договорот е постигнат само ден пред истекувањето на досегашениот договор, а е резултат на догогодишни билатерални преговори во кои посредуваше Европската унија, поради стравот дека европските потрошувачи може на почетокот од зимата да останат без снабдување.

„По пет дена непрекинати билатерални разговори во Виена, донесени се конечни одлуки и постигнат е договор. Потпишаните договори значат дека рускиот гас ќе доаѓа во Европа преку Украина и по 31-ви декември“, објави извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер.

„Европак знае дека ние нема да потфрлиме кога станува збор за енергетската стабилност“, се наведува во објават на Facebook на Зеленски во која се додава дека Украина во следниот петгодишен период со вој договор ќе заработи најмалку седум милијарди долари.

Овој петгодишен договор би можел да биде продолжен за уште десет години, додава Зеленски. Договорот кој истекува на 31-ви декември беше потпишан по завршувањето на претходната гасна криза која ги погоди европските земји во зимата 2010 година. Инаку сите досегашни договори меѓу Москва и Киев беа на десетгодишен период, а беа проследени со драстични пониски цени на гасот за Украина и други бенефити дадени од страна на Москва, но кои беа прекинати по превратот во Киев во март 2014 година, кога новите украински власти заземаа цврст антируски позиции.

Европските земји имаат лошо искуство со последиците од долгата руско-украинска гасна војна на почетокот од 2000 година и затоа создаваа резерви за да бидат подготвени доколку се случи да запрат испораките на рускиот гас преку украинскиот систем.

Европа 35 отсто од своите потреби од гас ги подмирува со руски гас, но денес е многу помалку зависна од транзитот од Украина. По двете руско-украински гасни војни во 2006 и 2009 година, а такви прекини имаше и во 1992, 1993 и 1994 година со обвинија дека Киев го поткраднува рускиот гас испорачуван преку неговиот систем за европските потрошувачи, транзититот преку Украина паднал за 40 отсто во последните 15 години, откако Русија и неколку европски земји предводени од Германија изградија гасоводои кои ја заобиколуваат Украина за која транзитот претставуваше и значителен извор на приходи. Во септември 2011 година беше пуштен гасоводот Северен тек кој минува под Балтичкото Море и ги поврзува руските гасни наоѓалишта со германскиот брег, а новиот систем Северен тек 2 треба да биде пуштен на почетокот од 2020 година.

Активна улога во разговорите имаше Германија, која на преговарачката маса ја претставуваа министерот за економија Петер Алтмаерр и владиниот комесар за транзитот на гасот преку Украина, грофот Георг Валдерзе. Заинтересираноста на Берлин за преогворите пред настапувањето на зимата е поради тоа што земјата е најголемиот увозник на руски гас меѓу европските земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.