Рускиот парламент одобри закон кој забранува ЛГБТ пропаганда меѓу возрасните

Рускиот парламент одобри во четвртокот предлог-закон кој ја проширува забраната за ЛГБТ пропаганда и го ограничува демонстрирањето на ЛГБТ однесувањето, со што се прави речиси невозможно какво и да е јавно изразување и манифестирање на ЛГБТ начинот на живеење.

Според новиот закон, кој треба уште да го одобрат горниот дом на парламентот и претседателот Владимир Путин, секоја постапка или информација која се смета за обид за промовирање на хомосексуалноста во јавноста, на интернет, во филмови, книги и реклами, би можел да биде казнет со голема парична казна.

Казните за ЛГБТ пропаганда што вклучува ширење информации или јавни акции, како и пропаганда за промена на полот ќе изнесуваат до 100.000 рубли (околу 1.650 американски долари) за граѓаните, до 200.000 рубли (околу 3.300 долари) за функционерите и до еден милион рубли (околу 16.500 долари) за правни лица. Максималната казна за таквата пропаганда на интернет или во медиумите ќе биде до пет милиони рубљи (околу 82.600 долари).

Досега законот забранува само промовирање на ЛГБТ начинот на живот насочени кон децата. Новиот предлог-закон го забранува и „демонстрирањето“ на ЛГБТ однесувањето пред деца.

Пратениците велат дека ги бранат традиционалните вредности на руското општество од западните либерални стилови на живеење, за кои велат дека имаа цел да се промовираат во Русија со цел да ја растурат,

Според актуелниот закон забранети се геј парадите и се притвораат активисти кои јавно демонстрираат за наводните права на хомосексуалците. Групите за човекови права го критикуваат предлог-законот и велат дека неговата цел е целосно да се истераат од јавниот живот нетрадиционалните ЛГБ стилови на живеење кои ги практикуваат лезбијките, хомосексуалците, бисексуалците и трансдоровите лица.