Рускиот парламент усвои одмазнички закон со кој се дозволува затворање на дописништвата на странски медиуми

Рускиот паралемент го усвои во вторникот во првото читање законот со кој на обвинителите им се даваат овластувања да затворат дописништво на странски медиуми во Русија, ако станува збор за медиуми од земји кои биле непријателски кон руските медиуми, откако на Западот со години наназад се забрануваат делувањето на главните руски медиуми во државна сопственост.

Нацрт-законот, кој во првото читање го усвои Думата, долниот дом на рускиот парламент, исто така, забранува дистрибуција на написи или други материјали од медиумите чиишто затворање го наложило обвинителството. Законот треба да мине уште две читаа и треба да го одобри горниот дом на парламентот, по што треба да го потпише претседателот Владимир Путин.

„Во моменталната геополитичка ситуација, масовните медиуми станаа инструмент за влијание врз информативната состојба во општеството“, се наведува во обрзложението на предглагачите.

Покрај тоа, во предлогот во кој увид имала агенцијата Reuters, се наведва и дека „новинарот и странскиот дописник може да ја загубат акредитацијата доколку биде утврдено непријателско дејствување во вид на наметнување ограничуваа на дистрибуцијата на руските медиуми коишто дејствуваат во странска земја“. Тоа се совпаѓа со соодветните одлуки коишто ги донесоа западните земји забранувајќи ја работата на руските медиуми во странство и одземајќи им акредитации на руските новинари.

Законот го предложиле влијателни личности во руското општествво, меѓу кои и Андрел Луговој, кого британското обвинителство во 2006 година подигна обвинение за наводно труење на британскиот шпион поранешен руски разузнавач Алекасандар Литвиненко. Луговој, кој е исто така поранешен советски и руски разузнавач ги отфрла обвиненијата, а семејството на Литвиненко во меѓувреме покрена процес во Лондон тврдејќи дека Русинот бил отфрлен од британските власти и биле препуштени на самите себеси во егзилот.

Рускиот министер за надворешни рабори Сергеј Лавров повеќепати го критикуваше Западот поради забраната за емитување на меѓународната новинска агенција и радиото Sputnik и меѓународната телевизија RT, кои се финансирани со владини средства, како и бришењето на содржините од социјалните мрежи чии седишта се во западни земји, како и хакерските напади врз руските медиуми.

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша во март закон со кој може да се изрече затворска казна до 15 години за лицатга кои намерно изнесуваат лаги и навреди за руските вооружени сили, или им нанесуваат штети на нивните активнсоти. Поради тоа дел од западните медиуми ги повлекуваат своите новинари од Русија, а некои останаа во земјата но одбиваат да одговораат на поканите на руските власти да ги посетат пребеганите цивили од Донбас и да се сретнат со очевидци.