Рускиот стана официјален јазик во Севастопол

Властите на градот Севастопол, каде повеќе од 70 отсто од населението се Руси, го прогласи рускиот за официјален јазик за употреба во официјална комуникација.

Одлуката ја потпиша вршителот на должност претседател на градската управа на Севастопол, Дмитриј Белик.

Во објаснувањето се наведува дека градската управа на Севастопол, во рамки на меѓународните закони и земајќи во предвид дека рускиот е мајчин јазик за голем број граѓани од тој град, одлучила рускиот јазик да го користи за официјална комуникација.

Досега властите официјалните документи морале да ги пишуваат на украински јазик.