Рускиот технолошки гигант Јандекс го претстави својот прв паметен телефон

Рускиот технолошки и интернет гигант Јандекс на јавноста во средата и’ го претстави својот прв паметен телефон во рамките на напорите да го одбрани уделот на матичниот руски паар од продорот на глобалбните гиганти како Google, Apple и Samsung.

Компанијата во чијашто сопственост е најчесто користениот интернет пребарувач во Русија и на подрачјето на поранешниот Советски сојуз во последни време настојува да ја пришири дејноста на нови области за да го одбрани пазарниот дел од Google. Така претходно креираа техлефонски апликации за поирачување такси и храна.

Нивниот нов паметен телефон под ознаката Yandex.Phone ќе биде пуштен во продажба во четврток во Русија, а ќе биде достапен и во интернетската приодажба. Ќе чини 17.990 рубљи, или 269 американски долари, а како оперативен систем ќе користи Android разработен од Googlе разработен. Го проектираше руската компанија, а произведен е во Кина.

Уредот ги има инсталирано апликациите на Јандекс за плаќање, музика, порачка на билети, такси возила и храма, како „секретрката“ Алисиам слична на Алекс на Amazon.

Уредот со дијагонала од речиси 14,5 сантиметри добил осум-јадерн процесор Snapdragon 630. Смртфонот е опремен со два главни камери, едната со резолуција од 16 мегапиксели, а другата со резолуција од 5 мегапискели, и со една фронтална со резолуција од 5 мегапискели. Уредот, исто така, има сензор за отпечаток на прстите, како и слотови за две сим-картички. Моќноста на батеријата е 3050 mAh, што овоможува да работи 24 дена во режим на основна поставеност, до 10 часа работа на интернети преку Wi-Fi и до 90 часа слушање музика, пренесува агенцијата ТАСС.

„Го направивме Yandex.Phone за на руските корисници да им понудиме паметен телефон опремен со сите локалиирани алатки кишто на корисницитге им го олеснуваат изврпшување на секојдневните рутински работи. На паметниот телефон се апликациите на Јандекс во форма на екосистем со Алиса во центарот, За решавањето на задачите не е потребно да се отвораат поединечни апликации, само прашајте ја Алиса“, објсаснува во писмената изјава за медиумите Фјодор Ежо, претставник на Јандекс.

Телефоното претставува нова голема фаза во развојот на Јандекс, кој со него сака да им конкурира на гигантите како Apple, Samsung и Huawei. Јандекс велзе во употреба во деведесеттите години од минатиот век, како пребарувач сличен на Google, a во меѓувреме се прошири на сите делови од рускиот интернет преку апликациите коишто Русите ги користат секојдневно.

Телефонот на Јандекс, инаку, не е првиот кој го развила некоја руска компанија. Таа позиција му припаѓа на YotaPhone кој во 2013 година го лансираше руската компанија Wonderful, а исто така се произведува во Кина. Негова посебна карактеристика беа екраните на двете страни од уредот, што сепак не беше доволно за позначителен пробив на пазарот. Јандекс е многу повлијателна компанија од Wonderful, нејините акции се излистани на Њујоршката берза, а позната е по наклонетоста кон креативни решенија, истакнува агенцијата AFP.