Руските банки одобриле бескаматни кредити за 30 милијарда рубљи за бизнисот за исплата на плати

До 28 април, руските банки одобриле бескаматни кредити за исплата на плати на вработените за вкупно 30 милијарди рубли. Ова го соопшти денеска шефот на Одделот за заштита на потрошувачи и пристап до финансиски услуги на Руската банка, Михаил Мамута.

Руската Влада неодамна усвои пакет мерки за поддршка на бизнисот поради пандемијата со Ковид-19.

За бизнис заедницата беше покрената програма за заеми без камати за бизниси што претрпеле најмногу од пандемијата. Обемот на секој заем е во согласност со износот на една минимална плата, која во моментов е во земјата е 12.130 рубли за секој вработен во компанијата.